Барселона се договори со 18-годишниот напаѓач од Египет

263
фото: Fabrizio Romano (X)

Барселона успеа да го договори 18-годишниот напаѓач Хамза Абделкарим од египетскиот состав Ал-Ахли. Според последните информации од Шпанија, сега пред луѓето на Барселона е договорот со клубот од Каиро.

Абделкарим има искуство играјќи за младинската репрезентација на Египет, а минатиот ноември, напаѓачот постигна два гола и имаше една асистенција во четири натпревари на Светското првенство до 17 години.

Тоа и беше главна причина што ја натера Барселона да се заинтересира сериозно за ова момче. Засега се очекува постигнување клупски договор пред трансферот да биде потврден.

ПретходноРоманците цели 30 години се без победа на ЕП: Македонија има добар тим, ќе биде фајтерски меч!
СледноЕХФ го нацрта патот на Македонија до главната рунда!