Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва сака да го напушти клубот на крајот од сезоната. Според новинарот на телевизијата „Ел Чирингито“, Нико Родригес, 31-годишниот португалски репрезентативец веќе одлучил да го промени тимот откако ќе му истече договорот на 30 јуни.
Според информациите, Барселона сака да го потпише Силва на лето. Оваа сезона, Бернардо одигра 22 натпревари во Премиер лигата и имаше две асистенции. Барселона ќе се обиде да ја искористи шансата и да го добие Португалецот како слободен фудбалер.










