Кошаркарите на Детроит славеа против Бостон со 104-103 дома, во еден од најнеизвесните дуели синоќа во НБА лигата. Детроит сега има скор од 31-10 и е лидер на Истокот, додека Бостон е втор со скор од 26-16.
Во натпревар кој донесе вистинска драма во финишот, Детроит го предводеше Тобијас Харис со 25 поени, а Џејлен Дуран додаде 18. Џејлен Браун ги предводеше Селтикс со 32 поени, додека Пејтон Причард додаде 17.
Голден Стејт го победи Мајами со 135-112 дома за нивната четврта победа по ред. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Брендин Подземски со 24 и Стеф Кари со 19 поени.
Кошаркарите на Филаделфија ја победија Индијана со 113:104 на домашен терен. Најзаслужни за победата на Филаделфија беа Џоел Ембид со 30 и Тајрис Макси со 29 поени, додека Ендру Нембхард и Паскал Сиакам се истакнаа за поразениот тим со 25 и 24 поени.
Феникс славеше на гости против Бруклин со 126:117, додека Лос Анџелес Клиперс ја забележаа својата шеста последователна победа откако славеа на гости против Вашингтон со 110:106.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Филаделфија – Индијана 113-104
Бруклин – Феникс 117-126
Детроит – Бостон 104-103
Голден Стејт – Мајами 135-112
Кливленд – Оклахома 104-136
Вашингтон – ЛА Клиперс 106-110
Њујорк – Далас 97-114
Сан Антонио – Јута 123-110










