
Македонската ракометна репрезентација против Романија ја затвара групната фаза на Европското првенство, мечот се игра со почеток во 18 часот. И двете селекции одат со една мисла – да дојдат до победа која има значење за бараж мечот за пласман на Светското првенство. За разлика од Романија, Македонија се уште е во игра за пласман во главната рунда, ни треба чудо, но на вакви натпреварувања се е можно.
Македонија и Романија последниот меч го имаат одиграно во 2022 година во Букурешт, во рамките на бараж меч за СП 2023 година. Тогаш славеше противникот со 24-22, но „црвено-жолтите“ отидоа на Мундијалот бидејќи во Скопје славеа со убедливи 30-22. Тука селектор и играч беше Кирил Лазаров.
Меѓусебниот скор е 3-3, но важно е да се напомене дека Македонија секогаш ги добивала важните битки и го елиминирала противникот.
Посакуваме оваа традиција да продолжи и денеска во Хернинг.











