Полувреме во Хернинг: Македонија води со четири гола против Романија

202

Македонската ракометна репрезентација после првото полувреме против Романија има водство од 13-9. Ова е последен меч од групната фаза на Европското првенство, истиот е важен за бараж мечот за пласман на Светското првенство 2027 година. А доколку дојдеме до убедлива победа можеме да се надеваме на пласман во главната рунда, но за тоа ќе чекаме услуга од Данска.

Митревски има три одбрани, капитенот Кузмановски имаш четири гола.

Не искористивме десет минути на агонија на противникот, кој едноставно не знаеше каде се наоѓа, постигнеме само четири гола преку Џонов, Костески и Кузмановски (можевме најмалку седум). Првиот погодок, Романија го постигна во 11-та минута од седум метри преку Станчук. После голот на Кузмановски од седум метри за 6-2, противникот на крилата на Попеску, врати со 2-0 за 6-4 во 17-та минута.

Водството кое македонската репрезентација го одржуваше беше од два до три гола, се до 28-та минута кога Ѓоргиев, Кузмановски и Пешевски ја поствија највсоката предност од пет гола (12-7). Романија набрзина врати со 2-0 и одново дојде на минус три (12-9). Лазаров повика тајм-аут, по кој со неверојатна акција во креација на Џонов и Костески вративме на 13-9. Ова беше резултатот на одморот.

ПретходноКлуб Бриж го декласира Каират на негов терен!
СледноАтракција: Уф, каков ЦЕПЕЛИН на Џонов и Костески! (ВИДЕО)