Реми на Вардар на втората контрола во Анталија (ВИДЕО)

343

Тимот на Вардар предмалку го финишираше вториот пријателски дуел на подготовките во Анталија. Во дуелот со тимот на Андијон од Узбекистан одиграно е реми 1:1.

Откако на првиот меч против Јаблонец, Вардар одигра лошо и загуби со 2:6, овојпат момците на тренерот Гоце Седлоски далеку подобри на теренот во Анталија.

Противникот погоди во второто полувреме по еден добро изведен напад, а Вардар изедначи во 76. минута. Давид Бабунски се избори за една топка, и ја украде пред шеснеаесетникот на Андијон, самиот си создаде простор за удар и реализираше за израмнување.

Следниот дуел на Вардар во Анталија е против тимот на Мотор Лубин на 23 јануари.

ПретходноЕКСПЛОЗИЈА НА СРЕЌА ВО 2025: ВИДЕОЛОТАРИЈА ИСПЛАТИ ПОВЕЌЕ ОД 13 МИЛИОНИ ЕВРА!
СледноХартс ја активира клаузулата и плаќа 500.000 за Мато