Реномираниот Руди Галети објави: Иван Николов со понуди од Норвешка, Данска, Унгарија…

333

Македонскиот интернационалец и поранешен капитен на У21 репрезентацијата на Македонија, Иван Николов во моментов е слободен играч. Се раздели со данскиот суперлигаш Сондерјуске каде што мина одличен период, но на се има крај па и на престојот на Николов во овој клуб.

Па така, Николов во моментов ги разгледува опциите каде да ја продолжи кариерата напролет, а реномираниот фудбалски инсајдер Руги Галети пренесува дека Николов во моментов има понуди од Данска, Норвешка, Унгарија но и од сеоседна Србија.

За Николов тоа би била втора интернационална опција по Сондерјуске, откако на домашната сцена настапуваше за Академија Пандев и за Вардар.

Иван Николов има еден настап за сениорската репрезентација на Македонија, а дури 22 за У21 селекцијата каде што беше капитен во еден од квалификацицките циклуси.

 

ПретходноПешевски: Не би рекол дека Романија е аутсајдер, ќе дадат сѐ од себе за да ни ги расипат сметките!
СледноКонечно „Лавовите“ стартуваа со подготовки