Екипата на Вардар денеска го игра вториот пријателски дуел на подготовките во Анталија. На менито е дуелот против тимот на Андијон од Узбекистан. На првиот дуел Вардар загуби од Јаблонец од 2:6, а ете, денеска има шанса за нов, овојпат поволен резултат.
ОД друга страна пак, што се однесува до играчкиот кадар, Вардар најверојатно се ословодува од двата интернационалци од Уганда, Бајо и Муса Раматан, кои што пристигнаа како големи засилувања, но не пронајдоа ниту споредно место во тимот на Седлоски.
Последната информација од Анталија во врска со нив е дека Вардар ќе проба да ги испрати на позајмица и тоа во тимот на Арсими.
Муса Раматан во текот на вчерашниот ден, пројавил повреда на коленото, и нема да биде во комбинација за денешниот дуел, а ништо чудно истото да го стори и гореспоменатиот Бајо.















