Марко Митев, организаторот на играта на Македонија покажа уште еднаш дека е класа ракометар. И не само што ги “разигра“ своите соиграчи, туку во второто полувреме наоправи потег кој ги воодушеви сите, па и медија – тимот на ЕХФ кој на социјалните мрежи постираше видео од голот на Марко за 18:14.
Македонецот едноставно си се прошета низ одбраната на Романија и постигна убав гол.
А ЕХФ се запраша:
“Дали е тоа Марко Митев или Лук Стајнс“?
Со ова асоцираше дека Марко во стилот на славниот Холанѓанец покажа што знае.










