И Шкендија и Пелистер со реми на првите контроли во Анталија! (ФОТО)

103
ФОТО: KF Shkëndija/fb

Како и Вардар, така и Шкендија. Шампионот денеска ремизираше и тоа со резултат 1:1 на својата прва контролна средба во Анталија. Четата на стратегот Јетон Беќири ги одмери силите со Олександрија од Украина. Шкендија поведе во 34.минута со голот на Зејнулаи, додека Украинците израмнија во второто полувреме со голот на Џонатан.

Денеска и трет наш клуб играше пријателска во Анталија, тоа беше битолски Пелистер, кој исто така ремизираше и тоа со 2:2 против Спартак Суботица.

Стрелци на головите за четата на стратегот Миламн Стојановски беа Здравевски и Петровиќ.

ПретходноХартс ја активира клаузулата и плаќа 500.000 за Мато
СледноЛазаров го одреди составот за дуелот со Романија