
Селекторот на македонската ракометна репрезентација го одреди составот за дуелот против Романија, последен од групната фаза на Европското првенство.
Вчера на тимот му се придружи Гоце Ојлески, откако Кирил Лазаров остана без опции на левата крилна позиција, после повредите на Петар Атанасијевиќ (дефинитивно отпадна уште вчера) и Иван Џонов за време на мечот со Португалија. Но, Џонов сепак ќе остане во составот.
Отпаѓа Иван Галевски, па на мрежата ќе бидат Никола Митревски и Мартин Томовски. Како и Самоил Ристевски и Дамјан Митев.
Македонија денеска оди по прва победа на ЕП која ќе биде од големо значење за бараж натпреварот за пласман на Светското првенство 2027 година.











