Лазаров: Малку ми е жал ама треба да бидеме горди! Честитки до момците!

442

Македонската ракометна репрезентација со три бода ја завршува групната фаза на Европското првенство. На последниот меч нашите ракометари ја победија Романија во драматична завршница со 24-23 со голот на Ненад Костески со звкуот на сирената.

Шансите за пласман во следната рунда се невозможни бидејќи Данска треба да ја победи Португалија со 18 гола разлика.

Селекторот, Кирил Лазаров ги сподели првите импресии после дуелот. Треба да биде задоволен бидејќи тој и момците и земаа бод на големата Португалија, можеби останува мала тага или нездоволство што во првиот дел не искористија шанса да поведат и со седум гола разлика.

“Победивме и кога ќе сумираме се треба да бидеме горди што направивме. Во овие три натпревари со цвртси, јаки противници. Видовте дека Романија е јака, цврста репрезентација која што знае што сака. Малку ми е жал. Жал ми е што почнавме многу добро заслуживме да имаме малку поголема концентрација, фокус, верба, како да се изненадивме од фактот што можевме уште на полувреме да водиме седум осум разлика. Тука некако и како тренер се почувствува немоќно. Затоа што Романците беа немоќни, а ние промашувавме зицер ситуации. Затоа што можевме да ги декласираме. Да ги оставиме без надеж. Мислевме дека како и секое друго второ полувреме мислевме дека ќе бидеме и подобри, но како поминуваше времето, не сакам да звучам дека се жалиме цело време, но ете Никола Марковски се повреди, Аларов доби црвен….останавме хендикепирани, и во ротација и во напад и во дефанзива. Голманот на Романија беше нивни најдобар играч. Можеби требаше да победиме со повеќе голови разлика но надежта последна умира. Данска треба многу да победи, поправете ме ако грешам. Седумнаесет гола… тоа ми е малку жал. Жал ми е …. честитки за момците. 

ПретходноКузмановски: Треба да бидеме свесни дека имаме квалитет за нешто повеќе!
СледноРакометарите заработија премија од два милиони денари