ЛШ се враќа: Две кола до финалната одлука за пласман меѓу најдобрите осум!

196

Вечерва се враќаат фудбалските возбудувања во најсилното европско натпреварување, Лигата на шампионите на УЕФА со мечевите од претпоследното 7. коло во главната фаза. Конкуренцијата за место во првите 8 е огромна, а тимовите кои имаат претензии за директен пласман во осминафиналето не можат да си дозволат грешки.

Најинтересниот натпревар вечерва е на „Џузепе Меаца“, каде што Интер го пречекува Арсенал. „Нероаѕурите“ го започнаа турнирот многу силно, но поразите од Атлетико Мадрид и Ливерпул го ставија пласманот меѓу првите 8 под знак прашалник. Доколку не победат против Арсенал, тимот на Кристијан Киву ќе се најде во тешка ситуација, бидејќи во последниот натпревар ќе гостуваат кај Борусија (Дортмунд). „Топчиите“ немаат такви проблеми затоа што се лидери на табелата со максимален скор од 18 бода и само едне примен гол.

Дебитантот Каират е на дното на табелата со само 1 бод и денеска прв ќе ја отвори програмата. Уште вп 16.30 часот тие го пречекуваат белгиски Бриж. Манчестер Сити не е во оптимална форма, што беше очигледно и по поразот од градскиот ривал Манчестер Јунајтед викендот. Во Лигата на шампионите, „граѓаните“ ја заземаат 4-тата позиција и денеска одат на гостување во Норвешка кај Бодо/Глимт, каде ако успеат да победат, во голема мера ќе си обезбедат пласман во осминафиналето.

Еден од поинтересните натпревари на распоредот денеска е и мечот Тотенхем – Борусија (Дортмунд). Тотенхем нижат порази во Премиер лигата, но во Лигата на шампионите се снаоѓаат на 11-то место на табелата. Средбата во Лондон е многу важна за двата тима, кои знаат дека ако не победат, ќе се збогуваат со шансите да завршат меѓу првите 8.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

  1. коло

16.30 Каират Алмати – Бриж

18.45 Бодо – Манчестер С.

21.00 Копенхаген – Наполи

21.00 Интер – Арсенал

21.00 Олимпијакос – Баер (Л)

21.00 Реал – Монако

21.00 Спортинг – ПСЖ

21.00 Тотенхем – Борусија (Д)

21.00 Виљареал – Ајакс

ПретходноЕХФ го нацрта патот на Македонија до главната рунда!
СледноМитревски предупредува: Не смееме да ги потцениме Романците, го познавам нивниот селектор – ми беше соиграч!