Никола Митревски: Успешен настап на ЕП, но останува доза на разочараност!

69

Ракометарите вечерва ги израдува своите фанови, четата на Кирил Лазаров ја израдува Македонија. Успеавме да ја победиме Романија, и со тоа да дојдеме до првата победа на ова ЕП. На крајот реши голот на Ненад Костески.

По натпреварот свое видување имаше и голманот Никола Митревски:

Во мечот влеговме да победиме, во втор план беше разликата. Имавме можност да бркаме резултат кој ќе ни даде надеж за пласман во втора следната фаза. Имавме напад за шест голови предност, но не успеавме. Дозволивме Романците да да ја стопат нашата предност. Сепак на крајот дадовме гол за победа“.

Митревски даде првична оценка и за вкупниот настап на Македонија на ова ЕП.

Жал и што немавме барем 15 секунди за напад против Португалија. Игравме против моќни екипи на ЕП, Данска и Португалија ќе се борат за медали. Позитивна е оценката за настапот на ЕП, но не е целосна. Исто како на претходното првенство, го прифаќаме како успешно, но останува доза на разочараност. Се надевам дека на следниот шампионат ќе направиме уште еден чекор напред“, порача Митревски.

ПретходноНовиот селектор ќе биде странец, Владо Илиевски нов спортски директор!
СледноЛиверпул ќе понуди 92 милиони евра за стоперот на Тотенхем!