Македонската кошаркарска федерација денеска излезе со соопштение во кое информира дека Марјан Илиевски си поднел оставка на селекторската функција.
Засега не е познат наследникот на Илиевски на клупата на Македонија, но дознаваме дека истиот ќе биде од странство. Во моментов се разгледуваат две опции, името на новиот селектор ќе биде познато до крајот на оваа недела.
Илиевски на клупата на Македонија дојде во најтешките моменти кога никој не сакаше да седне на жешкото столче. Тој ги почна претквалификациите за ЕП 2029 година со две победи над Азербејџан и Ирска.
Промена има и во функцијата спортски директор, Едногласно беше донесена одлука легендата на македонската кошарка, Владо Илиевски, да биде назначен за Координатор на сите национални репрезентативни селекции. Илиевски доаѓа на местото на Борјан Георгиевски, синот на легендарниот Буштур.










