Пешевски: Не би рекол дека Романија е аутсајдер, ќе дадат сѐ од себе за да ни ги расипат сметките!

358

Ако некој најмногу посакува победа против Романија денеска – тоа е македонската ракометна репрезентација. Триумфот за „црвено-жолтите“ ќе значи полесен пат до Светското првенство 2027 година, а во зависност од разликата можеби и продолжување на ндежта за место во главна рунда.

Романија не е селекција за потценување, иако на хартија изгледа така. Жарко Пешевски, искусниот пикер вели дека противникот има свои силни страни и треба да се сфати сериозно.

„Максимално сме мотивирани, како и на секое првенство имаме поддршка од нашите навивачи, веруваме во нас и кога нешто навистина сакаш и веруваш во тоа, ќе се исполни. Португалија и Данска се минато, сега Романија е на ред. Се подготвуваме и за нив во текот на подготовките, не беше запоставено. Имаме изгледни шанси да се натпреварувме со нив и на крајот на стигнеме до позитивен резултат. Не се согласувам со констатацијата дека Романија е аутсајдер. На времето беа велесила, сега се обидуваат да се вратат на големата сцена. Имаат квалитетни играчи, играт во Лигата на шампионите и Европската лига, имаат добар тренер и мотивирани се. Ќе дадат сѐ од себе за да ни ги расипат сметките. Притисокот сега е поголем, но сме докажале низ минатото дека знаеме да се носиме со притисок и дека тоа и сега нема да ни биде проблем“, изјави Жарко Пешевски.

Натпреварот меѓу Македонија и Романија е закажан со почеток во 18 часот.

ПретходноВардар се „ослободува“ од другарите на Мато и ги праќа на позајмица во Арсими
СледноРеномираниот Руди Галети објави: Иван Николов со понуди од Норвешка, Данска, Унгарија…