Стефанов:Мора да бидеме задоволни и како федерација и како држава од настапот на ЕП!

119

Секако дека по мечот со Романија, и победата на нашиот ракометен состав, свој коментар имаше и Александар Стефанов, првиот човек на Ракометната федерација на Македонија.

Тој не го криеше своето задоволство по победата на Македонија против Романија:

Мора и треба да бидеме задоволни со тоа што го прикажавме во Данска на ова Европско првенство. Дојдовме како аутсајдери според сите официјални статистики, според букмејкерите. Докажавме дека можеме и во тоа како силна група покрај светскиот и олимпискиот шампион Данска, како и Португалија која заврши четврта на последното првенство, да извојуваме едно реми и една победа и како една од подобрите третопласирани селекции во сите групи да го завршиме ова првенство и како носители да чекаме поволен ждреб за Светското првенство“ посочи Стефанов и продолжи:

Се уште ништо не е завршено, го чекаме исходот од Данска – Португалија, иако треба чудо за таква победа од над 17 разлика. Кога ќе го видиме тој исход, ќе ги сумираме впечатоците. Но, ова е една успешна претстава, одиграно машки, храбро, борбено. Со Романија цел меч имавме резултат, го контролиравме. Дојдовме до важна победа и треба да сме задоволни и како федерација и како национален тим и како држава“, 

ПретходноТофаш и Рајковиќ тргнаа со пораз во групната фаза во ЛШ!
СледноНовиот селектор ќе биде странец, Владо Илиевски нов спортски директор!