Шошкиќ го доби признанието „Дебитант на неделата“ во ЦАА лигата

66
фото: Stony Brook Men’s Basketball @StonyBrookMBB

Македонскиот кошаркар Андреј Шошкиќ го доби признанието за „Дебитант на неделата“ во рамките на ЦАА лигата, која е дел од првата дивизија на НЦАА натпреварувањето.

Нашиот кошаркар кој се школува и настапува во САД имаше одлична седмица во која му помогна на својот колеџ да дојде до недела без пораз, откако славеше на два меча на домашен терен.

Шошкиќ имаше просек од 15,5 поени, 4,5 скока и 4,0 асистенции по натпревар. Новајлијата на „Сивулвс“ го предводеше тимот со 20 поени против „Прајд“ откако шутираше со 58,3% од поле и 50,0% од линијата за три поени.

Шошкиќ беше совршен од линијата за слободни, каде имаше 24/24 погодоци.

ПретходноСрцето сака победа – денеска сите сме Македонија!
СледноРоманците цели 30 години се без победа на ЕП: Македонија има добар тим, ќе биде фајтерски меч!