ЕХФ го нацрта патот на Македонија до главната рунда!

3749

Македонската ракометна репрезентација денеска (18 часот) го игра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство, за противник ја има селекцијата на Романија. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци одат до прва победа на шампионатот, откако против Португалија освои голем бод.

Македонија и натаму е во игра за главната рунда, но патот е комплициран и речиси тежок за остварување, но ова е спорт и никогаш ништо не се знае. Па токму затоа кј сите нас постои надеж за чудо во Хернинг.

ЕХФ денеска го потврди патот до главната рунда. Треба да се напомене дека Македонија во однос на Португалија има негативна гол-разлика (18). Што значи дека само обична победа нема да биде доволна.

Еве ги сите сценарија…

Група Б
Данска веќе се пласира во главната рунда.

Португалија ќе се пласира во главната рунда ако:

  • победи или одигра нерешено против Данска

  • загуби од Данска, но задржи подобра гол-разлика од Македонија

  • загуби од Данска и Македонија загуби или одигра нерешено

Македонија ќе се пласира во главната рунда ако:

  • победи против Романија со доволна разлика за да има подобра гол-разлика од Португалија и Португалија загуби

Напомена:
Ако Португалија загуби, а Македонија победи, и двете репрезентации завршат со иста гол-разлика по сите три натпревари, ќе се пласира тимот со повеќе постигнати голови.
(Моментална состојба: Португалија има 69 голови, Македонија 53.)

Романија веќе нема шанси за пласман во главната рунда.

ПретходноБарселона се договори со 18-годишниот напаѓач од Египет
СледноЛШ се враќа: Две кола до финалната одлука за пласман меѓу најдобрите осум!