ЕХФ прашува: Дали е тоа Марко Митев или Лук Стајнс? (ВИДЕО)

377

Марко Митев, организаторот на играта на Македонија покажа уште еднаш дека е класа ракометар. И не само што ги “разигра“ своите соиграчи, туку во второто полувреме наоправи потег кој ги воодушеви сите, па и медија – тимот на ЕХФ кој на социјалните мрежи постираше видео од голот на Марко за 18:14.

Македонецот едноставно си се прошета низ одбраната на Романија и постигна убав гол.

А ЕХФ се запраша:

Дали е тоа Марко Митев или Лук Стајнс“?

Со ова асоцираше дека Марко во стилот на славниот Холанѓанец покажа што знае.

ПретходноРакометарите заработија премија од два милиони денари
СледноСензација во Норвешка: Пеп се “коцкаше“ и загуби од Бодо/Глимт!