Ливерпул ќе понуди 92 милиони евра за стоперот на Тотенхем!

52
фото: Liverpool FC (Facebook)

Како што пренесува TEAMtalk, Ливерпул планира голем трансфер. Имено го посакува дефанзивецот на Тотенхем, Мики ван де Вен.

Црвените“ знаат дека Ибрахим Конате кој влегува во последната фаза од неговиот договор, додека Вирџил ван Дајк ќе наполни 35 години во јули.
Во овој контекст, се разгледува и „удар“ против нивните ривали од Премиер лигата. Се вели дека Ливерпул би можел да понуди околу 92,04 милиони евра за Ван де Вен, додека Реал Мадрид, исто така, наводно ја следи ситуацијата на холандскиот интернационалец.
24-годишниот Ван де Вен вреди 65 милиони евра според Transfermarkt и се смета за еден од најбрзите дефанзивци во светот. Интересно е што токму Ван де Вен му ја скрши ногата на Александар Исак за време на неодамнешниот натпревар против Ливерпул.

ПретходноНикола Митревски: Успешен настап на ЕП, но останува доза на разочараност!
СледноСензација на ЕП: Португалија ја расплака Данска и 15.000 фанови!