Ма бравооо: Костески со звукот на сирената за прва победа на Македонија!

830

Македонската ракометна репрезентација со победа ја заврши групната фаза на Европското првенство, откако ја совлада Романија со 24-23 (13-9) пред 10.000 фанови. Ова беше прв триумф за „црвено-жолтите“ на шампионатот, имаат три бода, со кои дефинитивно ќе биде во пол-позиција пред ждрепката за Светското првенство 2027 година.

Наместо да ја искористат предноста во квалитет, нашите ракометари дозволија да се случи драма во финишот. Костески беше нашиот херој постигна гол во последната секунда.

Избраниците на Кирил Лазаров го отворија мечот со 3-0, со головуте на Џонов, Костески и Кузмановски. Противникот на другата страна беше во агонија, која ние не ја казнивме максимално, можевме да поведе комотно со 7-0. Првиот погодок, Романија го постигна во 11-та минута од седум метри преку Станчук. После голот на Кузмановски од седум метри за 6-2, противникот на крилата на Попеску, врати со 2-0 за 6-4 во 17-та минута.

Водството кое македонската репрезентација го одржуваше беше од два до три гола, се до 28-та минута кога Ѓоргиев, Кузмановски и Пешевски ја поствија највсоката предност од пет гола (12-7). Романија набрзина врати со 2-0 и одново дојде на минус три (12-9). Лазаров повика тајм-аут, по кој со неверојатна акција во креација на Џонов и Костески вративме на 13-9.

На стартот на првото полувреме поведовме со 14-9. Нешто подоцна наместо Македонија да дојде на плус шест, Романија ги казни нашите грешки и дојде на 15-12 во 37-та минута. По последните плус 4, застанавме, им дадовме сила на Романците. Противникот успеа да ја преполови нашата предност на два гола (18-16 и 19-17), по што Лазаров повика тајм-аут на средината на второто полувреме. Кузмановски веднаш одговори за 20-17, минута подоцна Аларов заработи црвен-картон поради груб старт.

Томовски со две одбрани се обидуваше да ги размрда соиграчите, но Романија на стартот на 50-та минута дојде на 20-18. Капитенот повторно беше тука да го згасне пожарот за 22-19. Темпото падна, наместо лесна завршница, одевме по тенка линија. Не ги користивме шансите, згора на се Кузмановски доби две минути исклучување.  Романија со серија од 3-0 израмни на 22-22 во 57. минута. Влеговме во лоша серија, на две минути и десет секунди Романија остана со играч помалку поради груб старт врз Павле Атанасијевиќ. Кузмановски од седум метри го врати водството (23-22), останаа 32 секунди до крајот и напад за Романија, која израмни, а Костески го постигна голот за победа од 24-23.

Во таборот на Македонија најдобар стрелец е капитенот Филип Кузмановски со девет постигнати голови, а втор по него е Костески со четири гола. По три постигнаа Ѓоргиев и Митев. Кај противникот Нистор стигна до осум гола.

 

ПретходноИлиевски си поднесе оставка, раководството на МКФ истата ја прифати!
СледноПобедата над Романија на македонските ракометари им отвори важна порта