Новиот селектор ќе биде странец, Владо Илиевски нов спортски директор!

626

Македонската кошаркарска федерација денеска излезе со соопштение во кое информира дека Марјан Илиевски си поднел оставка на селекторската функција.

Засега не е познат наследникот на Илиевски на клупата на Македонија, но дознаваме дека истиот ќе биде од странство. Во моментов се разгледуваат две опции, името на новиот селектор ќе биде познато до крајот на оваа недела.

Илиевски на клупата на Македонија дојде во најтешките моменти кога никој не сакаше да седне на жешкото столче. Тој ги почна претквалификациите за ЕП 2029 година со две победи над Азербејџан и Ирска.

Промена има и во функцијата спортски директор, Едногласно беше донесена одлука легендата на македонската кошарка, Владо Илиевски, да биде назначен за Координатор на сите национални репрезентативни селекции. Илиевски доаѓа на местото на Борјан Георгиевски, синот на легендарниот Буштур.

 

ПретходноСтефанов:Мора да бидеме задоволни и како федерација и како држава од настапот на ЕП!
СледноНикола Митревски: Успешен настап на ЕП, но останува доза на разочараност!