Победата над Романија на македонските ракометари им отвори важна порта

854

Македонската ракометна репрезентација после победата над Романија од 24-23 во последниот меч од групната фаза на Европското првенство си отвори важна порта кога станува збор за настапот на големите натпреварувања.

Според моменталниот распоред и пред завршување на дуелот меѓу Данска и Португалија, јасно е дека Кирил Лазаров и неговите момци ќе бидат носители пред ждрепката за Светското првенство 2027 година.

Ова значи дека ќе ги одбегнат најсилните репрезентации на патот кон нов Мундијал, но има шанса да добијат и покомплицирани имиња, но тоа нема да биде од калибарот на Франција, Норвешка, Данска…

Во овој момент до комплетирање на нашата група, Македонија најмалку ќе заврши од 14 до 15 место, што е подобар скор од претходниот шампионат.

ПретходноМа бравооо: Костески со звукот на сирената за прва победа на Македонија!
СледноКостески: Треба да сме горди и среќни со одиграното и прикажаното