Познато е на кое место заврши Македонија на ова ЕП 2026!

501

СпортСпорт во Хернинг,

Марија Ковачева

Нашата најдобра машка ракометна селекција, вечерва откако претходно славеше против Романија со 24:23, го заврши настапот на ова ЕП. Познато е и на кое место. Четата на селекторот Кирил Лазаров го зазеде 14.место на европскиот шампионат, што секако дека е успех ако се знае дека на минатото ЕП бевме пласирани на 17.место.

Инаку Ф. Острови се пред нас на тоа 13.место само поради нешто подобра гол разлика.

Инаку Македонија групата Б ја заврши како трета со 3 бода. Пред нас се Португалија и Данска. Игравме во силна група и со малку среќа овој успешен настап на Лазаров и неговите избраници ќе беше уште подобар, ако се навратиме на тоа што се случуваше во последните секунди од средбата со Португалија.

ПретходноУжасни вести од Србија: Братот на Видиќ пронајден мртов!