Прв меч, и тоа на свој терен, и пораз на Тофаш и македонскиот стратег Емил Рајковиќ. Вечерва во меч од 1.коло во групата Ј во Лигата на Шамионите, Алба како гостин славеше во Турција со 90:94.
Штета за македонскиот стратег ако се знае дека неговиот тим првата четвртина ја доби убедливо со 20:12, а на пауза се замина со +9 понеди разлика.
Сепак германскиот тим во продолжение од средбата покажа дека е добар тим. Направи пресврт и на крај успеа да победи.
Во групата Ј, покрај Тофаш и Алба се и АЕК и Кардитсас.










