Хартс ја активира клаузулата и плаќа 500.000 за Мато

649

Полека но сигурно „Мато“сагата и ФК Вардар добива разрешница. Она што со денови беше тема број еден во македонската фудбалска, но и поширока јавност денеска допива епилог и тоа среќен по нашиот најтрофеен клуб.

Касим Роџерс Мато, најдобриот играч на Вардар во моментов, нема на лето да замине во шкотски Хартс бесплатно, како што и самиот клуб објави откако ќе му истече актуелниот договор, туку шкотите сега ќе ја активираат откупната клаузула која што стои во договорот на репрезентативецот на Уганда.

Вардар е „добитен“ половина милион евра

Не, нема Мато да биде продаден за 1.5 милиони, туку за онаа сума која што стои во неговиот активен договор. Откупната клаузула е 500.000 евра и истата ќе биде платена од страна на Хартс, па клубот ќе може веднаш да го доведе Мато во своите редови.

Ова секако дека е далеку подобра вест од онаа која што досега беше актуелна, а тоа е дека Мато можеби и нема да игра фудбал до лето, до кога што е врзан со договор со Вардар, но дека сигурно заминува во Хартс. Е сега, во оваа ситуација сите се добитни.
Вардар, што добива колку толку нешто од својот највреден играч, сума која што ќе мора да ја подели со Брера, клубот од каде што Мато пристигна и кој што си има 20% побарувања.
Касим Роџерс Мато како играч кој што по се што се случи на крајот ниту ќе мора да паузира до лето па да оди во Хартс, ниту ќе мора да се враќа во Вардар, каде што не сме сигурни дека веќе е добредојден после се што се случи, и конечно Хартс, кој што добива голгетер уште во овој преоден рок. Да, ќе мора да го плати, но половина милион евра за претендентот за титулата во Шкотска, и не е така голема сума.

https://www.dailyrecord.co.uk/sport/football/football-news/rogers-mato-transfer-agreed-hearts-36582405?fbclid=IwY2xjawPceqBleHRuA2FlbQIxMABicmlkETFjelhGUWRQcHUwNzZRTEpIc3J0YwZhcHBfaWQQMjIyMDM5MTc4ODIwMDg5MgABHuKvfef34Er9sEF-H66kzZ8KnJEXK5bEqChiyqEP3DhM47UOqx-jQx0-i7R5_aem_TYIF0AVMHCEvUcpfya4b1A

ПретходноРеми на Вардар на втората контрола во Анталија (ВИДЕО)
СледноИ Шкендија и Пелистер со реми на првите контроли во Анталија! (ФОТО)