Аргентинец на проба во Вардар во Анталија!

465
ФОТО: aremafc.com/

Дали Вардар во текот на овој зимски преоден рок ќе се засили со Аргентинец. Имено на вчерашниот пријателски меч во Анталија против Андијон, во тимот на Гоце Седлоски настапи и Иан Лукас Пулеио (27), крило кое може да игра и по левата и по десната офанизвна страна.

Последен клуб на Пулеио му бил Арема од Индонезија, каде бил до пред неколку дена. Претходно настапувал и за клубови од Црна Гора како Дечиќ и Тиват Арсенал.

Инаку потекнува од школата на Платензе.

Кога сме кај Вардар, есенскиот шампион веќе неколку дена интензивно се подготвува во кампот во Анталија. Досега се одиграни два пријателски меча а во очекување сме и на најавените нови имиња.

ПретходноРК Вардар го официјализираше трансферот на Хрватот Љевар! (ФОТО)
СледноКостески за решавачкиот момент: Знаев дека морам да дадам гол по секоја цена – макар паднал на глава