Еве како Дон Карло синоќа ја пееше химната на Реал на “Бернабеу“!(ВИДЕО)

258
ФОТО: Screenshot

Реал Мадрид синоќа во меч од 7.коло во ЛШ просто го згази Монако со 6:1. Ова е тој Реал кој сите го очекуваат, посебно фановите на “кралскиот“ клуб. Којзнае, можеби Мбапе, Вини, Белингем и останатите имаа мотв повеќе ако се знае дека од ложата ги гледаше и нивниот некогашен стратег Карло Анчелоти.

Италијнецот покажа дека не може без Реал, иако сега е селектор на Бразил, ја искористи можноста и слободното време да дојде во Мадрид и да го проследи овој значаен меч за “кралевите“.

Дека и тоа како е “мадридист“, Дон Карло покажа со потегот пред почетокот на мечот кога ја пееше химната на Реал. Јасно е дека тој доби силна овации од преполниот “Бернабеу“.

ПретходноШпанецот си гази: Карлито е веќе во 1/16 финалето на АО
СледноШокантно: Европа ќе го бојкотира Мундијалот ако Трамп изврши агресија на Гренланд?!