Тиквеш тестира бразилец, и интернационалци од Африка

237

Тимот на Тиквеш во моментов е на подготовки во Анталија, каде што ќе го одработи главниот дел што се однесува до зимава.

Кавадарчани заминаа таму откако неколку играчи кажаа збогум, па нормално е сега ростерот да се пополнува со адекватни замени.

Па така, во кампусот на Тиквеш во моментов се наоѓаат неколку интернационалци. Се работи за еден бразилец, кој што е играч од навалните редови, потоа, интернационалци од Гвинеја, Сенегал и Нигерија.

Според неофицијалните информации секако сите овие играчи ќе бидат тестирани на дел од мечевите кои што Тиквеш ги игра во Турција, па потоа ќе биде донесена и одлуката околу нивниот евентуален ангажман.

 

ПретходноЃоргиев: Покажавме дека можеме да се надигруваме со силни противници
СледноДенеска на ЕП 2026: Хрватска и Шведска во битка за првото место во групата Е