Чолаковски се врати во Перт Глори

127

Некогашниот македонски младински репрезентативец, Стефан Чолаковски повторно е дел од тимот на Перт Глори. Три и пол години откако за прв пат стана дел од овој клуб, напаѓачот се враќа во старото јато што се вели.

Тој имаше тешка повреда на коленото и откако се рехабилитираше потолно повторно е дел од клубот кој што му даде сериозна шанса своевремено.

Чолаковски е дете на Мелбурн Сити, по што премина во Перт Глори, а настапуваше и за Велингтон. Има 25 години и своевремено беше доведен како засилување за нашиот У21 национален тим од Австралија. Сениорски настап за Македонија сеуште нема забележано.

ПретходноДенеска на ЕП 2026: Хрватска и Шведска во битка за првото место во групата Е
СледноБелингам ги “поздрави“ сите оние кои “врескаа“ дека е алкохоличар! (ФОТО+ВИДЕО)