Македонската ракометна репрезентација со победа, реми и пораз го завршува деветото Европско првенство. На последниот меч од групната фаза нашите ракометари по голема драма ја победија Романија и со тоа освоија три бода, за трето место во групата.
Од шампионат во шампионат, напредокот е видлив. Синоќа среќата беше сојзник на Македонија, па сосема заслужено победи во последнта секунда со голот на Ненад Костески.
„Точно е, имавме среќа против Романија, но среќата не доаѓа сама, треба да ја заслужите и напорно да работите за неа. Одигравме квалитетен меч, на кој иако дозволивме противникот да се врати сепак заслуживме да триумфираме. Мислам дека одигравме добар ракомет на ова првенство, заслуживме барем една победа и секако чувството е прекрасно кога ќе го остварите тоа. Покажавме дека можеме да се надигруваме со силни противници, дека можеме да победуваме на големите натпреварувања, уште еден доказ дека како репрезентација се движиме во вистински правец“, истакна Игор Ѓоргиев.










