Заврши мини-преодниот рок во одбојкарските првенства, дамите поактивни на „пазарот“

42

Дел од женските клубови од Првата и Втората лига на ОФМ беа поактивни и го искористија мини-преодниот рок за да направат промени во екипите во пресрет на пролетниот дел од сезоната, кој стартува престојниот викенд.

Дај дамите има вкупно 14 барања за трансфери, од кое едно е на странски играч, додека машките клубови се скромни со само две молби за промена на средината.

Најзвучен е трансферот на Србинката Бјанка Рубежиќ, која ги засилува редовите на Фит Фан Волеј. Клубот минатата сезона ја финишираше како најуспешна во својата историја, а потоа во септември настапи и во БВА купот, но имаше резултатски слаба прва полусезона (со само една службена победа) и се одлучи да направи освежување во редовите. Клубот го напушта Марија Коцевска која преминува во Вардар ЕМ.

Шампионот Јанта Волеј КВ прави промена на позицијата техничар со доаѓањето на Матеа Попоска од Газели Волеј. „Газелите“, пак, ќе имаат засилување кај средните блокери, со оглед на тоа дека поранешната репрезентативка Марија Лазарова од Струмица се сели во Скопје.

Кај мажите Филип Станков од Струмица повторно се враќа во Сушево, каде настапуваше и лани како позајмен играч, а сега комплетно преминува во овој клуб, како и Виктор Ангелески, кој во првиот дел од сезоната играше за Јанта Волеј мажи, а сега ќе го носи дресот на Работнички 71&22.

ПретходноБруката на Сити против Бодо ќе ја „перат“ капитените… ги плаќаат трошоците на гостинските навивачи
СледноПикерот доби суспензија: Португалија без Итуриза за мечот со Германија