Некогашниот фудбалер на Ливерпул, Џермејн Пенант откри дека Стивен Џерард сака Ливерпул да му даде на Арне Слот повеќе време да може да го изнесе клубот од кризата во која влезе оваа сезона.
Поранешниот играч од средниот ред сподели разговор преку СМС-порака што го имал со Џерард во услови на зголемен притисок врз Слот.
Зборувајќи во „Inside Liverpool“, Пенант откри дека разговарал со Џерард за ситуацијата по повиците од навивачите Чаби Алонсо да го замени Слот.
„Му испратив порака и му реков да влезе во клубот. Тој ми рече дека не би посакал никому да биде отпуштен. „Ајде само да му дадеме време“, ми рече Стиви“, открил Пенант, кој не крие дека сака да го види Џерард повторно во клубот.










