Сензационално: Донарума си оди од Манчестер Сити?!

278
ФОТО:Manchester City F.C./FB

Кога дојде, кога ќе си оди. Неверојатни, по малку и сензационални информации доаѓаат од Островот, а тие се дека Џиџи Донарума би можел експресно да го напушти Манчестер Сити. Се шпекулира дека би можел да се врати во својата земја и дека некогашниот голман на Милан, “детето“ на Милан, да застане на голот на Јуве или Интер.

Тоа секако дека нема да им се допадне на фановите на Милан кои не се простија најдобро од Џиџи кога си замина во ПСЖ.

Сепак поважно е зошто сега вакви “приказни“, ако се знае дека Донарума во Сити е само седум месеци.

Дали тоа што Италијанецот му “прави“ проблеми на Пеп околу тактиката, ако се знае дека Џиџи и дефинитивно не може да биде “трет бек“ фудбалски кажано, или пак е нешто сосема друго.

Тоа го знаат само тој и Гвардиола.

ПретходноДон Флорентино во шок: Големата ѕвезда на Реал прави трансфер во Баерн Минхен?!
СледноТрансфери: Вини си кажа за својата иднина, Алварез сака во Барса, Интер го договорил светскиот првак….