Екипата на Тиквеш предмалку и официјално ги потврди трите пријателски средби кои што ги има закажано за тековните подоготовки во Анталија.
Кавадарчани серијата од тест средби ќе ја започнат в сабота кога ќе се сретнат со екипата на Славија Софија.
Следува пријателскиот меч против тимот на Токтогул од Кирсистан кој што е закажан за 27 јануари.
Конечно, ќе се финишира со тимот на Кизилкум од Казастан, меч кој што ќе се игра на 30. јануари.















