Трансфери: Вини си кажа за својата иднина, Алварез сака во Барса, Интер го договорил светскиот првак….

258
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Во тек е зимскиот преоден рок. Секако дека една од ТОП вестите е што ќе се случува со Винисиус. Познато е дека Бразилецот и Реал Мадрид сеуште не можат да најдат заеднички јазик околу новиот договор. Утринава искочи вест дека клуб од С. Арабија испратил нова понуда, вредна 200 милиони евра до Реал.

Инаку по вчерашниот меч со Монако, во кој Вини блескаше и беше прогласен за играч на натпреварот во тие 6:1, тој кажа дека не оди никаде, дека останува во Реал и дека нема потреба од брзање за новиот договор ако се знае дека тој и Перез имаат взаемна доверба и почит.

Хулијан Алварез, ѕвездата на Атлетико Мадрид сака да направи трансфер во Барселона. Ова доаѓа откако спортскиот директор на Барса, Деко, имал веќе разговори со Аргентинецот.

Јасно е дека за Барса проблем ќе биде отштетата ако се знае дека “јорганциите“ нема така лесно да го пуштат светскиот првак.

Уште еден Аргентинец, уште еден светски првак е тема на денот. Тоа е Емилијано Мартинез, голманот на Астон Вила. Се пренесува дека тој веќе се договорил со Интер.

Един Џеко е пред промоција во Шалке, се проблематизира трансферот на Матета од Кристал Палас во Јуве, додека Џирона го потврди доаѓањето на Тер Штеген.

ПретходноСензационално: Донарума си оди од Манчестер Сити?!
Следно“Марка“: Чаби Алонсо планира да направи пауза доколку во меѓувреме не дојде понуда од Ливерпул