Холандија подобра од Грузија за трето место во групата Е

109
фото: EHF Euro (X)

Холандија ја оствари првата победа на ЕП 2026 и го освои третото место во групата Е, откако вечерва во последниот меч славеше над Грузија со 31:26.

Грузијците подобро го отворија мечот и долго време беа во водство, но „лалињата“ со подобра игра во финишот на полувремето го свртеа резултат, па на пауза заминаа со плус 3 (18:15).

Во вториот дел Холандија беше доминантна и не дозволи Грузија да се врати во мечот. Напротив „лалињата“ одлично го затворија дуелот и на крајот славеа прилично убедливо. Ставаст со 8 гола беше најефикасен во победничкиот тим.

ПретходноПикерот доби суспензија: Португалија без Итуриза за мечот со Германија
СледноБрера одигра нерешено на пријателската со Ксанти