Македонскиот прволигаш Башкими утре патува за Медулин, Хрватска, каде што ќе ја одработи и втората фаза од подготовките за пролетната полусезона. Нашиот прволигаш ќе остане таму во период од две недели, во кој главен фокус ќе биде физичката, тактичката работа и хармонизација на тимот.
Како што дфенеска објавија кумановци, за време на престојот во Медулин, тимот ќе одигра четири пријателски натпревари.
Во недела на 25 јануари ќе се сретнат со црногорскиот тим Рудар Пљевља, потоа во вторник ќе тестираат со Радник Бјелина, а на 28 јануари со Искра Бариќ и последниот меч со екипата на Хрваце на 31 jануари.















