Белингам ги “поздрави“ сите оние кои “врескаа“ дека е алкохоличар! (ФОТО+ВИДЕО)

116
ФОТО: Screenshot

Во последните денови и недели, Џуд Белингам беше меѓу најкритикуваните играчи на Реал Мадрид, пред и за време на натпреварот со Леванте минатиот викенд. Англискиот репрезентативец беше силно обвинет дека е љубител на ноќниот живот, дека ги посетил сите дискотеки во Мадрид и дека пиел премногу. За време на натпреварот од Лигата на шампионите со Монако, Белингам одговори на обвинувањата. Играчот од средниот ред го постигна последниот шести гол во убедливата победа од 6-1 на Реал, а неговата радост по голот беше многу чудна. Џуд направи гест како да ја крева чашата и си налева алкохол, а по натпреварот даде објаснување.

Многу луѓе зборуваат многу. Се чини дека секој може да застане пред камера и да каже што сака, а целиот свет може да поверува во тоа без докази. Јас ја знам вистината, знам што се случува во мојот личен живот. Бучавата надвор не е важна, но убаво е да се забавуваш малку“, изјави Белингам за ТНТ Спортс.

ПретходноЧолаковски се врати во Перт Глори
СледноЧервар: Македонија и Лазаров спроведоа дефанзива која не е видена до сега