Егзон Белица направи кам бек во Работнички

112

Искусниот дефанзивец Егзон Белица е нов играч на тимот на Работнички. Ова за стоперот е втор мандат во Дебар Маало, ако се знае дека тој веќе беше дел од Работнички во 2010/2011.

Оттогаш смени многу клубови, а последно беше дел од тимот на Шкендија. Белица си замина од Тетово зимава, и како слободен играч пристигнува во Работнички.

Дебармаалци во овој преоден рок комплетно го реновираа постоечкиот играчки кадар и доведоа неколку нови имиња.

ПретходноФиорентина се пофали со засилување од Болоња
СледноЏеко не размислува да застане и се враќа во Германија