“Марка“: Чаби Алонсо планира да направи пауза доколку во меѓувреме не дојде понуда од Ливерпул

44
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Чаби Алонсо планира да направи кратка пауза од тренерската работа освен ако Ливерпул не почне да го бара, објави шпанскиот весник, „Марка“ додавајќи дека Алонсо навистина го сака од клубот од Мерсисајд и веднаш би прифатил евентуална понуда од „Црвените“.

Тој играше за англискиот гигант од 2004 до 2009 година.

Инаку летото, Ливерпул ги потпиша Флоријан Вирц и Џереми Фримпонг, кои беа клучни играчи за 44-годишниот тренер на Баер Леверкузен.
Алонсо беше отпуштен од Реал Мадрид откако загуби од Барселона во шпанскиот Суперкуп.
Ливерпул исто така не играше добро оваа сезона, а притисокот врз Арне Слот се зголеми по нерешениот резултат дома со Барнли.

ПретходноТрансфери: Вини си кажа за својата иднина, Алварез сака во Барса, Интер го договорил светскиот првак….
СледноРК Вардар го официјализираше трансферот на Хрватот Љевар! (ФОТО)