Тимот на Фиорентина до крајот на сезоната треба да направи се за да не се случи најлошото, односно да испадне во Серија Б.
Сходно на тоа, во овој преоден рок, тимот се засилува што е можно повеќе, а во таа насока денеска во Фиренца како новитет е претставен досегашниот играч на Болоња, Џовани Фабијан.
Офанзивецот доаѓа на позајмица која што Фиорентина ја чини еден милион евра, а доколку се биде во ред, Фабијан одработи полусезона како што треба, истиот ќе го чини клубот 13 милиони за целосен откуп.
Тој е дете на Интер, беше платен пет милиони од Болоња, и е екс младински репрезентативец на Италија.











