Веспрем веднаш сака да го откупи договорот на Стефан Додиќ

1012

Веднаш по завршување на настапот на дел од репрезентациите на Европското првенство до дел од ракометарите кои настапуваа веднаш стигнаа понуди. Една е до Стефан Додиќ.

Според неофицијални извори Веспрем е подготвен да го откупи неговиот договор. Унгарскиот тим и нуди на Војводина сума од 100.000 до 200.000 евра.

Додиќ во српскиот тим е од 2023 година. Средниот бек е добро познат за македонската јавност беше дел од Металург, тој таму ја почна својата кариера, беше дел од ГРК Охрид и Вардар, а потоа замина во Кјелце, Загреб и Целје.

ПретходноФлик: Ги заслуживме трите бода
СледноУште една потврда дека е вистински лидер: Кузмановски е трет стрелец и најдобар „пеналџија“