Норвешка ја доби драмата со Шпанија

96
фото: EHF Euro (X)

По голема борба, репрезентацијата на Норвешка ја совлада Шпанија со 35:34 во вториот меч од втората фаза на европското ракометно првенство. Норвежаните со двајца играчи помалку успеаја да се одбранат во послендите 30 секунди од натпреварот и да не дозволат Шпанија да избори реми.

За Норвешка ова се првите два бода во новата група, а Шпанија со овој пораз сериозно си ги намали шансите во битката за пласман во разигрувањето за медалите.

Кај скандинавците извонреден меч одигра Аугуст Педерсен кој постигна 11 гола во победата денеска, додека Грондал и солстад имаа по 5 погодоци. Алеиш Гомез со 8 гола беше најефикасен кај Шпанија, каде биоска на голот имаше 10 интервенции.

ПретходноИвановски и официјално е нов фудбалер на Ал Рамтха
СледноРепрезентативецот Ашковски потпиша за ирански Мес Рафсанјан