Работнички со нова, втора победа оваа зима во пријателски натпревар на кои се постигнати седум или повеќе голови. По триумфот над Шкупи со 5:2 пред некој ден, денеска четата на стратегот Муарем Муарем успеа да слави со неверојатни 8:2 (3:1 полувреме) и тоа против есенскиот првак во ВМФЛ, тимот на Охрид.
Интересно, дури десет голови се постигнати на овој меч кој се одигра попладнево во Скопје.
Стрелци на головите за Работнички беа Хоџа, Демири, Манојлов, Мухарем, Елези два и Дестани два.
Велиме интересно ако се знае дека Охрид и тоа е како квалитетен тим за да прими дури осум голови. Од друга страна Работнички кој имаше очајна есенска полусезона, со катастрофална ефикасност, сега на првите две зимски контроли успеа да постигне неверојатни 13 голови. Што значи дал исто толку голови колку цела есенска полусезона.















