Струга ТЛ во финишот испушти победа со Пахтакор

124
ФОТО:facebook.com/Fcstruga/

Второ реми на втората контролна средба на Струга ТЛ во Анталија. Денеска стружани одиграа 1:1 со Пахтакор, тим од Узбекистан. Инаку некогашниот двоен шампион на Македонија имаше водство од 1:0 со голот на Маудо се до 88.минута кога прими гол и со тоа пропушти да ја забележи првата победа во текот на овие подготовки во Анталија. Пред неколку дена на првата контролна средба одиграна во познатиот спортско – туристички центар во Турција, есенскиот вицешампион одигра исто така реми, но со 2:2 против Тренчин.

ПретходноСигурдсон полуде на шведскиот играч Ване и го опцу (ВИДЕО)
СледноОфицијално: Македонија со четири спортисти на ЗОИ! (ФОТО)