Данска се опорави и го доби „финалето пред финалето“ на ЕХФ ЕУРО 2026

120
фото: EHF Euro (X)

Финалето пред финалето на Европското првенство им припадна на светските и олимписки шампиони. Данска ја победи Франција со 32:29 и успеа да се опорави од шокантниот пораз од Португалија во првата фаза на првенството.

Данците се вратија во игра за да го нападнат полуфиналето, а сега четири репрезентации имаат по два бода и до крајот на втората фаза од натпреварувањето ќе биде пеколно „жешко“.

Французите го отворија натпреварот подобро и поведоа со 3:1. Сепак, Данците го свртија резултатот на 5:4, а потоа двата тима почнаа наизменично да водат. Французите одат на плус два со резултат 10:8, а на полувреме заминаа со водство 12:11.

Во втората половина од натпреварот Франција продолжи да води сè до моментот кога Данска стигна до пресвртница на 17:16. Данците успеаја да поведат, но Французите го вратија водството. Французите имаа предност до последните седум минути, кога Данците стигнаа до водство од 27:26. Последните две минути беше 30:28 за Данците, а Французите беа тие што го имаа нападот. На крајот, Данска слави и трката за медалите станува опасно возбудлива.

Гидсел со 9 и Питлик со 8 гола беа најефикасни во данскиот состав, додека кај „триколорите“ Мине заврши како најдобар реализатор со 7 гола.

ПретходноЈуве и Фенер се договорија: Ен-Несири доаѓа во Торино!
СледноБарселона ја откачи НБА: Каталонците уште 10 години во Евролигата