Ренџерс ја совлада екипата на Лудогорец со 1:0 и се прости од настапите во Лига Европа. Нашиот репрезентативец Бојан Миовски беше резервист и влезе од клупата во 64-тата минута. Единствениот гол на натпреварот го постигна Диоманде во 33-тата минута.
Во останатите натпревари кои се одиграа вечерва Динамо Загреб оствари убедлив триумф од 4:1 против екипата на ФЦСБ. Со оваа победа Динамо го осигура пласманот во Плеј-Оф зоната. Рома беше подобра од Штутгарт со 2:0 и се искачи на високото 6-то место на табелата. Брага на домашен терен минимално славеше со 1:0 против Нотингем Форест, а Ница ја оправда фаворитската улога и ја совлада екипата на ГА Иглс со 3:1. Ференцварош и Панатинаикос ремизираа 1:1, Селта Виго и со играч помалку успеа да го совлада Лил со 2:1 и Салзбург триумфираше со 3:1 против екипата на Базел.










