Неверојатно: Директорот на Реал ќе биде тужен поради концертите на “Бернабеу“!

71
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Неверојатни вести доаѓаат од Шпанија, од Мадрид. Имено судијата што го истражува Реал Мадрид за наводни еколошки злосторства поради пречекорување на дозволените нивоа на бучава за време на концертите на стадионот „Бернабеу“, предложи генералниот директор на клубот, Хозе Анхел Санчез, и компанијата што управува со објектот, „Реал Мадрид Естадио С.Л.У.“, да бидат изведени пред суд, бидејќи постојат докази за кривично дело.

Во судиската одлука, која на увид ја има EFE, судијката Моника Агире наредила прелиминарната постапка да се претвори во скратена постапка. Во документот се наведува дека „постојат докази за извршување на наводни кривични дела“, поточно кривични дела против животната средина во форма на бучава, пишува „Ас“.
Случајот е отворен по жалба поднесена од Здружението на соседи погодени од „Бернабеу“ (AVPB). Во него се тврди дека дозволените нивоа на бучава утврдени со општинските прописи биле надминати за време на вкупно осумнаесет концерти и настани одржани на Бернабеу помеѓу 26 април и 8 септември 2024 година.

ПретходноЛЕ: Ц. Звезда славеше во Шведска и обезбеди најмалку плеј-оф, Лион и Астон Вила се во 1/8-финале
СледноЈуве и Фенер се договорија: Ен-Несири доаѓа во Торино!